недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Експлозија на вкус, подгответе џин-тоник палачинки

Експлозија на вкус, подгответе џин-тоник палачинки

Викендот е совршено време за експериментирање во кујната. Понекогаш едноставните состојки ги прават најдобрите комбинации на вкусови, а дефиницијата за таа изјава секако се палачинки – омилен десерт кој доаѓа во безброј форми.

Доколку сакате да подготвите поразлични палачинки, ова е рецепт за комбинација која ретко кого ќе остави рамнодушен. Станува збор за полни палачинки со џин и тоник сируп кои се прават без капка млеко.

Подготовката е навистина едноставна, а експлозијата на вкусот е загарантирана.

Состојки за сирупот:

250 мл џин и тоник
3 лажици шеќер во прав
сок од два лимона

За палачинки:

100 гр обично брашно
100 гр јако брашно
1 јајце
1 прашок за пециво
2 лажици шеќер во прав
250 мл џин и тоник
Малку масло за пржење

Подготовка:

Подгответе 500 мл џин и тоник по ваш вкус. Се препорачува сооднос 2:5, но доколку сакате појак коктел, слободно додадете уште неколку капки џин. Оставете на страна 250 мл од коктелот.

Подгответе го сирупот. Измешајте 250 мл џин и тоник со три лажици шеќер во прав и сок од два големи лимони. Ставете го на оган и мешајте додека не зоврие, односно додека течноста не се претвори во погуст сируп.

Подгответе ги палачинките. Измешајте брашно и прашок за пециво, додадете прстофат сол и шеќер. Потоа додадете го јајцето и 250 мл џин и тоник. Добро измешајте со жица за да добиете малку погуста смеса од класичната смеса за палачинки.

Во тава загрејте малку масло и со лажица ставете од смесата. Пржете ги палачинките на средна температура. Треба да добиете палачинки како американските. На крај палачинките прелијте ги со сирупот од џин и тоник.