вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ГО ЗАПОЧНУВАТЕ ДЕНОТ СО КАФЕ? Еве зошто не треба да го правите тоа

ГО ЗАПОЧНУВАТЕ ДЕНОТ СО КАФЕ? Еве зошто не треба да го правите тоа

Ако малку подоцна го почнете денот со првото утринско кафе, ќе имате поголеми придобивки од него.

Анксиозноста по првото кафе во денот, којашто многумина ја чувствуваат, би можела да биде резултат од „судир“ на кофеинот и кортизолот, хормон што се активира кога сме под стрес.

Според една истражување, откако ќе се разбудиме, кортизолот и адреналинот во комбинација ни даваат „инјекција“ на енергија во првите 30 до 45 минути. Кога на тоа уште ќе се вклучи и кофеинот, може да има негативни влијанија како анксиозноста.

Поради тоа е подобро првата шолја кафе малку да ја одложите. Најдобро е да пиете кафе кога ќе престане делувањето на кортизолот и адреналинот, по споменатите 45 минути или еден час по будењето.

Тоа обезбедува кофеинот да делува самостојно. Ако веќе не можете да чекате толку долго за да пиете кафе, може пред кафето да пиете многу вода.