среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Кремасти тестенини, одлични кога сте гладни и се брзате

Кремасти тестенини, одлични кога сте гладни и се брзате

Доколку брзате или немате многу време, а сте гладни, решението се тестенини со два вида сирење, праз, печурки и шунка.

Ова е јадење кое брзо се подготвува.

Состојки:

1 пакување тестенини по желба
200 гр шампињони
150 гр крем сирење
100 гр шунка
1 лажица рендан пармезан
2 супени лажици маслиново масло
1 праз
1 чешне лук
1 лажичка свежи листови босилек

Подготовка:

Празот исечкајте го на прстени, шампињоните на кришки, лукот ситно, шунката на коцки. На маслото се ставаат празот и две лажици вода, се посолува по вкус и се динста пет минути на средна топлина додека да омекне. Додадете печурки и лук, динстајте три минути.

Сварете ги тестенините, па исцедете ги.

Измешајте го сирењето со празот и печурките, додадете една чаша вода од варените тестенини за да ја добиете саканата густина на сосот.

Додадете ги шунката, босилекот и пармезанот и измешајте ги тестенините.