понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Математичка формула за идеално кафе

Математичка формула за идеално кафе

Американски хемичари и математичари подробно испитале каков е односот меѓу кафето и врелата вода и така го добиле рецептот за „идеалното еспресо“.

Во основа, ако се земат 15, а не 20 грама сoмелено кафе, се добива напивка со, според стручњаците, подобар вкус и која се приготвува брзо. За тоа се потребни, не 25 секунди, а само 7 – 15 секунди, објаснува еден од авторите на написот во списанието „Метер“.

На Земјата има околу 40 вида кафено дрво. За производството на илјадниците разновидни облици на кафе, се употребуваат само три вида од сите овие растенија. Разликата во вкусот на кафето не е толку во видот на зрната, колку што е до начинот на којшто одгледувачите и компаниите ги обработуваат. Сè тоа има влијание на вкусот и изгледот на пијалакот.

Научниците се сосредоточиле на еспресото – едно од најпростите кафиња за приготвување. По правило, еспресото се прави, така што врела вода се пушта низ филтер од сомлено кафе. Аромата, бојата и другите својства на еспресото зависат од количеството кафе, колку време се приготвува, количината и температурата на водата… Така, и сосем мало отстапување од правилата, може лошо да влијае на вкусот на кафето, објаснуваат стручните лица.

Математичарите и хемичарите изработиле компјутерски модел на кафемат, којшто би ги запазил сите параметри и фактори, коишто вообичаено зависат од човекот при варењето еспресо.

При неправилно комбинирање на варењето, температурата и количеството вода, сомленото кафе се згуснува и така го запира движењето на течноста. Како резултат на тоа, кофеинот, хининот, антиоксидансите и другите молекули во составот на кафето, се раствораат многу потешко.

Проблемот може да биде решен, ако се користат помалку зрна кафе, и тие да бидат сомлени покрупно.

Сè тоа било испитано и во практика. Научниците му предложиле на сопственикот на еден кафе-бар да го примени новиот начин. Резултатите биле прилично поволни…

Кафе-барот ги намалил расходите за кафе за 25 отсто, нарачките биле многу побрзо испорачувани, а бројот на гостите пораснал. (МИА)