вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Намалете со кафето ВЕДНАШ доколку ги имате овие проблеми

Намалете со кафето ВЕДНАШ доколку ги имате овие проблеми

Кафето е познато како напиток кој има позитивно влијание на организмот, но претерувањето може да доведе до бројни здравствени проблеми.

Не грижете се, ова не значи дека треба во потполност да се откажете од кафето, туку да не претерувате со внесувањето на истото, бидејќи постојат некои здравствени последици кои можат да ви се случат доколку пиете повеќе од три кафиња во денот.

Анксиознозт

Луѓето кои се борат со анксиозноста би требало да го избегнуваат кофеинот бидејќи тој може само да ги влоши и така незгодните симптоми. Исто така, кофеинот го подига нивото на стрес, па по внесот на кафето може да почувствувате поголема нервоза од вообичаеното.

Болка во желудникот

Многу од луѓето кои имаат проблем со желудникот всушност им смета кафето, а за тоа не се ни свесни. Често болките ги препишуваме на храната, но тие можат да настанат и од кафе.

Забрзана работа на срцето

Големиот внес на кофеин може да предизвика забрзано работење на срцето. Луѓето кои и онака патат од оваа здравствена состојба би требало да се ограничат на едно до две кафиња во денот.

Треска

Кофеинот го забрзува централниот нервен систем, порадо кој може да почувствувате нервоза. Доколку кафето резултира со неконтролирана треска, сериозно ограничете го дневниот внес.

Главоболка

Иако малата количина на кафе може да помогне кај главоболката, претерувањето може да ја предизвика, бидејќи сте ја пречекориле дозата на кофеин. Тука се мисли на количина поголема од пет шолји дневно.