среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Направете посни палачинки! Ова е најдобриот рецепт

Направете посни палачинки! Ова е најдобриот рецепт

Посните палачинки се исто толку вкусни како оние кои се прават со јајца.

Посните палачинки се воздушести и меки, а се прават лесно и брзо, со само неколку состојки. Тие се идеален десерт за посни денови.

Состојки:

500 мл вода

300 грама брашно

1/2 лажичка сол

2 кесички ванилин шеќер

3 лажици масло

1 лажичка прашок за пециво

Џем или друг посен намаз по ваш избор

Подготовка:

Во поголем сад прво измешајте ги сите суви состојки. Потоа полека додавајте вода и матете со миксер цело време.

На крајот додадете го маслото и сè добро измешајте.

Загрејте ја тавата, намачкајте ја со малку масло и печете ги палачинките од двете страни.

Кога ќе бидат готови премачкајте ги со џем или друг посен намаз.