Палачинките со кокос се вистинската комбинација на вкусови за летните денови.
Состојки:
100 гр кокос
5 јајца
2 белки од јајца
1 лажица кокосово масло
1 банана
цимет по желба
половина лажичка стевиа
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги јајцата, кокосот, циметот, бананата и малку стевиа и сè убаво изблендирајте додека не добиете хомогена смеса.
Додадете го растопеното кокосово масло, па по потреба додадете малку млеко за да ја добиете саканата конзистенција.
Печете како класични палачинки и филувајте со џем од јагоди. По желба одозгора украсете со јагоди.