Многу едноставна подготовка.
Состојки:
300 гр макарони
250 гр чери домати
350 гр пилешко филе
125 гр спанаќ
2 чешниња лук
1/2 кромид
1 лажица доматно пире
1 лажичка пипер
1 лажичка лук во прав
1 лажичка оригано
200 мл павлака за готвење
125 гр кашкавал
Подготовка:
Кромидот исечкајте го, па пропржете го, а кога ќе омекне додадете го сечканиот лук. По 20 секунди додајте го месото исечкано на коцки и доматното пире. Промешајте и кога месото ќе се испржи додадете ја павлаката за готвење, зачинете, па додајте ги сечканите домати и спанаќот. Добро измешајте. Варете уште малку, па кон крајот додадете го ренданиот кашкавал, а потоа и макароните кои претходно сте ги свариле и процедиле.
Пријатно!