четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Совети со кои новогодишните колачи ќе бидат свежи до Божиќ

Совети со кои новогодишните колачи ќе бидат свежи до Божиќ

По прославувањето на новогодишните празници, на многумина од празничната трпеза најчесто им остануваат големи количини слатки деликатеси. Како такви сочувајте ги и нивниот рок на траење продолжете го до божикното славење колку што е можно со помош на неколку совети. Целното складирање на одредени видови колачи ќе ја сочува нивната свежина и сочност, па никој нема да помисли дека не се штотуку подготвени.

1. Крцкавите колачи не поднесуваат влага, поточно влажната околина ќе ги омекне поради што ќе изгубат на крцкавост и свежина. Затоа, се препорачува да се чуваат во херметички затворен сад, но никако во садот не смеат да се ставаат топли, туку дури кога ќе бидат сосема изладени.

2. Колачите од квасено и лиснато тесто најдобро е да се замрзнат. Пред да ги сместите во замрзнувачот претходно е потребно да ги оставите половина час во фрижидер, па дури тогаш да ги префрлите на температура под нула. На овој начин ќе се зачува свежината на тестото.

3. Доколку сакате да ги зачувате остатоците од куглоф, штрудли или ролат, полнетите декилатеси кои мора да бидат сочни, најдобро е да се чуваат во сад во кој сте додале половина исечкано јаболко или пак парче леб. Тие имаат дејство на овлажнувач кој го продолжува рокот на свежината на колачите.

4. Кремастите колачи не се препорачува да се држат во фрижидер подолго од три дена, потоа најдобро е да ги замрзнете и тоа прекриени со мрсна хартија па така спремни во сад ставете ги во замрзнувач. Пред да планирате да ги консумирате сметајте дека ви се потребни најмалку три часа колачите да се одмрзнат на собна температура, на овој начин ќе бидат како свежи.