четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Телото ви дава знаци дека сте претерале со КАФЕ – не ги игнорирајте!

Телото ви дава знаци дека сте претерале со КАФЕ – не ги игнорирајте!

Ако обожавате кафе, многу е веројатно дека во некои денови сте претерале со внесената количина.

Ако тоа се случува повремено, опасноста е речиси занемарлива, но морате да обрнете внимание дали секојдневно внесувате преголема количина кафе, а со тоа и кофеин.

Ова се неколку предупредувачки знаци кои укажуваат на тоа:

Чувствувате анксиозност

Анксиозните лица треба да избегнуваат кофеин, бидејќи ги влошува симптомите и може да предизвика уште поголеми проблеми со спиењето.

Болки во желудник

Причина за необјаснивите болки во желудникот може да биде токму претерувањето со кафе. Кофеинот предизвикува зголемено лачење желудочна киселина. Ако ова ви се случува, треба или да намалите или целосно да прекинете со пиење кафе.

Забрзано биење на срцето

Чувството дека срцето ќе ви отскокне воопшто не е пријатно. Причини за тоа има многу, никотин, алкохол, но и зголеме внес на кофеин.

Честа дијареја

Кафето има лаксативни својства, но воопшто не е во ред секој ден да имате дијареја. Намалете го внесот на кафе и забележете дали се намалуваат и симптомите.

Имате постојани главоболки

До одреден момент кафето ги смирува главоболките, но во претерана количина може да биде причинител на тензична, па дури и мигренозна болка.