недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Tоплото кафе е најдобриот пијалак за летните жешки денови- еве зошто

Tоплото кафе е најдобриот пијалак за летните жешки денови- еве зошто

Факт е дека жешките денови не` тераат да посегнеме по некој освежителен и студен пијалак. Но, според едно истражување од Универзитетот Томас Џеферсон во Филаделфија, ништо не може да го замени топлото кафе.

Имено, топлото кафе има многу повеќе антиоксиданси од ладното.

Антиоксидансите го одржуваат здравјето на клетките и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2 и прерана смрт.

„Истражувањето покажа дека пиењето кафе е добро за здравјето, особено топлото кафе бидејќи содржи повеќе антиоксиданси“, изјавила коавторката на истражувањето, Меган Фулер.

Покрај тоа, резултатите покажале дека топлите и ладните пијалаци имаат исто ниво на киселост.

Сепак, кога ќе го земете предвид топлото време, уживањето во врело кафе станува потешко. Доколку не можете да пиете топли пијалаци во лето, важно е да знаете дека и ладното кафе содржи антиоксиданси и останати минерали кои имаат добро влијание врз здравјето.

Единствената предност на ладното кафе е тоа што за многумина има подобар вкус, па поретко се додаваат шеќер, шлаг или други додатоци што му ја зголемуваат калоричната вредност.

Досега се мислеше дека ладните пијалаци имаат пониска киселост, па со тоа дека се и подобри за желудникот. Но според ова истражување, рН вредноста и на топлото и на ладното кафе е речиси иста, односно од 4,85 до 5,13.