Како може палачинките да не бидат тврди и суви, туку вкусни и меки за да се топат во уста?
Рецепт за домашни палачинки со оцет
Состојки:
– 200 грама меко брашно;
– 1 кесичка прашок за пециво;
– 1 лажица оцет;
– 2 јајца;
– 100 мл. масло;
– 300 мл. млеко;
– кисела вода по потреба;
– една лажичка сол;
– лажичка шеќер.
Подготовка:
Во сад ставете млеко и оцет, измешајте и оставете ги на страна.
Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и јајцата, изматете, па во него истурете ја смесата со млеко и оцет и продолжете со матење. По потреба можете да додадете и малку кисела вода.
Кога ќе исчезнат сите грутки, истурете го маслото, измешајте и оставете да отстои 20 минути.
Потоа се пржи во подмачкана тава една по една палачинка, од двете страни.