понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Важни информации за љубителите на кафе: И уживањето треба да има граница

Важни информации за љубителите на кафе: И уживањето треба да има граница

Дали љубителите на кафе се подготвени да откријат колку пати на ден можат да уживаат во омилениот пијалок?

Знаеме дека во повеќето домови првата сцена наутро е ставање на ѓезве на шпоретот или вклучување на кафематот. Многу луѓе тврдат дека не можат да ги отворат очите или да разговараат без кафе, но не знаат што прави кофеинот со нивното тело и која е горната граница.

За почеток, треба да знаете дека кофеинот е стимуланс на централниот нервен систем и се смета за психоактивна супстанца, а со оглед на тоа дека неговото прекумерно консумирање може негативно да влијае на вашето здравје.

Значи, колку кафе е дозволено дневно без да се наруши нашето тело?

Според американската Администрација за храна и лекови (ФДА), здрав возрасен човек може да консумира до 400 милиграми кофеин дневно. Поточно, тоа одговара на количината од четири шолји кафе. Под шолја, мислиме на типична големина што не е поголема од околу 230 милилитри.

Исто така, важно е да се биде внимателен со несаканите ефекти кои премногу кофеин може да ги има врз нашето тело. Кофеинот е диуретик, што значи дека предизвикува зголемено мокрење. Кофеинот исто така може да го зголеми вашиот крвен притисок, а истражувањата покажуваат дека може да го зголеми ослободувањето на желудочната киселина.