среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична за дебарчанец, им се заканувал на поранешната девојка и нејзиното семејство

Кривична за дебарчанец, им се заканувал на поранешната девојка и нејзиното семејство

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Х.(34) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“.

Од декември 2022 година до 06.04.2023 година, пријавениот упатувал закани на женско лице, со која претходно бил во љубовна врска, како и на нејзиното семејство, информира МВР.