четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поднесена кривична: Му се заканувал на судија од Апелација Гостивар поради пресуда

Поднесена кривична: Му се заканувал на судија од Апелација Гостивар поради пресуда

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.А.(39) од село Врапчиште, гостиварско за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста“.

-На 07.12.2018 година  околу  22,00  часот, пријавениот, преку телефон, упатувал закани по животот кон 52 годишно лице од село Добридол, судија во Апелационен суд Гостивар, поради претходно донесена судска пресуда од страна на истиот, информираат од МВР.