Охриѓанец е тешко повреден откако вчера паднал од карпа на плажа.
Од охридската полиција велат дека случајот кај нив бил пријавен во 13:00 часот.
-Пријавено е дека е пронајдено повредено лице на плажата „Лабино“ на брегот на Охридското езеро во Охрид. Од извршениот увид констатирано е дека В.П.(68) од Охрид се движел покрај карпите над плажата и паднал, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од лекар од Итната медицинска помош, информираат од СВР Охрид.