понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тепачка за куче во Аеродром

Тепачка за куче во Аеродром

Вчера во Скопје С.М.(59), удрил куче пред влез на зграда на булевар „АСНОМ“, а при обид да го спречат во намерата понатаму да го повредува кучето, Д.Р. и З.Р. биле вербално и физички нападнати од С.М.

Полицијата информира дека С.М. на Д.Р. почнал да и се заканува, а потоа го нападнал и З.Р., односно го фатил за јакната и го турнал. Во еден момент и С.М. и З.Р. паднале на плочникот.

Полициски службеници излегле на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.