Осумнаесет годишна, ќерка на Н.С. (45) од тетовско Туденце е осомничена дека извршила кражба во куќата на нејзиниот татко.
Од полицијата информираат дека случајот кај нив бил пријавен во текот на вчерашниот ден од страна на Н.С., кој рекол дека во период од 27.12.2017 до 21.02.2018 година непознат сторител извршил кражба во неговата куќа, на непознат начин и без оштетувања.
-Сторителот влегол во спалната соба и од сеф со шифра одзел повеќе парчиња разновиден златен накит и 3000 евра во разни апоени. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од над 600.000 илјади денари. Набргу по пријавувањето, кражбата била расчистена, информираат од МВР.