понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Емина и Мустафа официјално се разведени: Пејачката ќе добие цело богатство?!

Емина и Мустафа официјално се разведени: Пејачката ќе добие цело богатство?!

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал официјално се разведoa на 6 јуни во Истанбул, по 10 години во брак.

Според турските медиуми, српската пејачка по разводот ќе добие вистинско богатство од својот сега веќе поранешен сопруг.

Турскиот „Хабертурк“ наведува дека познатиот пејач и продуцент Мустафа Сандал на Емина ќе и остави две третини од приходите по продажбата на луксузната куќа во Истанбул. Се шпекулира дека од продажбата на вилата Мустафа ќе заработи најмалку 3 милиони долари.

Покрај тоа Сандал има обврска на својата екс сопруга да и купи куќа во Србија вредна повеќе од 250 000 долари, Емина за алиментација месечно ќе добива по 2800 евра.

Популарниот турски продуцент ќе плаќа и по 938 евра месечно за секое нивно дете, синовите Јавуз и Јаман. Исто така на своите деца тој ќе им го покрива и школувањето како и одморот за што годинашно ќе издвојува по точно 11 257 евра.

Најнови вести