Кристијано Роналдо на најлош можен начин го заврши своето последно светско првенство, со елиминација во четвртфиналето од Мароко и одиграни само 55 минути во нокаут фазата, не успевајќи да постигне гол за својата биографија.
На крајот „тенко“ светско првенство за Роналдо со само еден постигнат гол и далеку од посакуваниот трофеј.
Со тоа што беше резерва и во четвртфиналната пресметка со Мароканците, не можеше да се помири неговата сопруга Георгина која по елиминацијата на Португалците „распали“ по португалскиот селектор Фернандо Сантош, притоа обрајќи му се на Роналдо дека неговиот „пријател селектор“ направил непростлива грешка.
„Денеска твојот пријател и тренер реши да направи грешка. Тој пријател за кој секогаш имаш само зборови на восхит и почит. Истиот оној кој кога те внесе во игра, виде како сè се смени, но беше предоцна. Најдобриот играч на светот не може да се потцени, неговото најмоќно „оружје“. Не можеш да одбраниш некој што не го заслужува тоа. Животот нè учи лекции. Денес не загубивме, но научивме“ – напиша Георгина на својот Инстаграм профил.