четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола го собори рекордот на Мурињо во Премиер лигата

Гвардиола го собори рекордот на Мурињо во Премиер лигата

Триумфот над Брајтон (3-0) го задржа Манчестер сити на чело на табелата и донесе нов голем подвиг за Пеп Гвардиола во неговата тренерска кариера, откако за каталонскиот стратег тоа беше 250. победа со премиерлигашот во сите натпреварувања.

Гвардиола дојде до бројката од 250. победи во својот 344. натпревар на клупата на Сити со што го надмина рекордот, кој досега го држеше харизматичниот португалски стратег Жозе Мурињо.

На Португалецот му беа потребни 396. натпревари за да дојде до 250. победи, предводејќи англиски клуб.

344 – Пеп Гвардиола

396 – Жозе Мурињо

429 – Кени Далглиш

433 – Арсен Венгер.