понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милер: Бевме премногу наивни

Милер: Бевме премногу наивни

Капитенот на Баерн, Томас Милер беше разочаран од поразот (1:2) од Реал Мадрид во првиот 1/2-финалето во Лигата на шампионите.

Него посебно го боли начинот на кој Баварците го загубија натпреварот.

– Игравме добро, особено во средината на првото полувреме, но потоа бевме премногу наивни. Создадовме шанси, а примивме гол. Се насмеав иронично кога ни дадоа гол на самиот крај од полувремето. Можевме да постигнеме многу подобар резултат. Се е можно во реваншот, но кај нас не си направивме услуга, рече Милер.