понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милер: Повторно му подаривме гол на Реал

Милер: Повторно му подаривме гол на Реал

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер не го криеше разочарувањето по отпаѓањето од Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Милер призна дека болката е голема, но неговиот тим нема од што да се срами.

-Игравме подобро од Реал, но повторно му подаривме еден гол. Не смееме да правиме такви грешки на два последователни дуела. Ова беше луд натпревар во кој видовме сè. Но, на крајот, едноставно немавме среќа. Нивниот голман имаше одличен меч. Среќата и судбината понекогаш се тесно поврзани. Болката е голема, но нема за што да се срамиме. Можевме да направиме многу повеќе, изјави напаѓачот на баварците по завршувањето на синоќешниот меч

(Миа)