Одлучувачки момент веројатно беше катастрофалната грешка на Улрих кој ужасно реагираше по повратната топка од Корентин Толисо и беше директен виновник за вториот гол на Реал Мадрид.
Киксот од 46. минута го прокоментира и легендарниот поранешен чувар на мрежата на Баерн Минхен, Оливер Кан.
„Јасно е дека истовремено имаше две исти замисли, сакаше да ја фати топката со рака, но и да ја избие. Такви работи се случуваат, тоа мене ми се случи против Мадрид по слободниот на Роберто Карлос“- коментираше Кан.
Потоа Германецот истакна како се чувствува во моментов Улрих: „Не сакате да се разбудите следното утро“- одговори Кан.
Очигледно легендарниот Германец многу добро знае што го чека актуелниот прв избор меѓу стативите на Баерн Минхен.