Шеснаесет нови позитивни случаи на коронавирус се регистрирани во Премиер лигата при последното редовно тестирање спроведено врз вкупно 3.060 фудбалери и официјални претставници на 24-те премиерлигашки екипи, соопшти раководството на Лигата.
Минатата недела, Бен Вајт од Арсенал и Кристијан Пулишиќ од Челзи беа позитивни на вирусот поради што и двајцата го пропуштија лондонското дерби во неделата, во кое составот на Томас Тухел триумфираше со 2:0.
Напаѓачите на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг и Александер Лаказет, исто така, се меѓу фудбалерите, кои се позитивни на ковид-19.