понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Стоук испадна од Премиер лигата за прв пат по 10 години

Стоук испадна од Премиер лигата за прв пат по 10 години

Стоук Сити е првиот тим кој испадна од Премиер лигата, откако допушти пресврт и пораз со 1:2 од Кристал Палас дома. Џердан Шакири (43′) им даде предност на „грнчарите“ на крајот на првиот дел, но Џејмс Мекартур (68′) и Патрик ван Аанхолт (86′) направија пресврт во резултатот и ја донесоа победата на „орлите“.

Овој резултат значи дека Стоук останува на 19-то место со 30 поени – три помалку од тимот на Свонси и две помалку од оној на Саутемптон. Овие два тима сепак се со два натпревари помалку, при што едниот од нив е директен судир меѓу нив.

Кристал Палас е 11-ти со 41 поен.

МИА