понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија напредуваше на ФИБА ранг-листата

Македонија напредуваше на ФИБА ранг-листата

Кошаркарската репрезентација на Македонија напредуваше за едно место на најновата ранг-листа на ФИБА што беше објавена вчера. Со 184,8 поени сега сме 39-ти во светот, додека во Европа сме на 21-во место.

„Црвено-жолтите“ во изминатиов период ги совладаа Словачка на гостински терен и Швајцарија на домашен терен, што донесе скок на ФИБА-листата.

На врвот се наоѓа националната селекција на САД, пред Шпанија, Франција, Србија и Аргентина.