четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грчки инфектолог открива дали е можно да се заразите со коронавирус на плажа или во базен

Грчки инфектолог открива дали е можно да се заразите со коронавирус на плажа или во базен
Foto: Pixabay

Професорот од солунскиот универзитет Аристотел др. Павлос Николајидис предупредува колку ќе биде опасно пливањето на плажите и во базени ова лето, како и за тоа на што треба најмногу да внимаваме.

Иако трендот на новозаболени од коронавирусот во Европа опаѓа, не постои сомнеж дека и летото ќе биде во знакот на овој вирус, и дека сенката на пандемијата уште долго ќе виси над човештвото.

Скоро сите се прашуваат како воопшто ќе изгледа летувањето оваа година и како високите температури ќе влијаат врз развојот на пандемијата?

Во разговор за „GRTimes, професорот по патологија и заразни болести од солунскиот универзитет Аристотел др. Павлос Николајидис даде доста корисни одговори на прашањата кои нас најмногу не интересираат.

Постои ризик за да се заразиме на море или во базен? Дали би требало да носиме маски на плажа? Колку воопшто се сигурни и организирани плажите и на што треба да се внимава? Дали високите температури ќе го уништат вирусот?

Како што вели тој, бањањето во базен кој што содржи хлор е сосема сигурно. Односно, никој никогаш не докажал дека постои потенцијален ризик од заразување со корона вирус. Истото важи и за морската вода.

Најголем ризик сама по себе влечи процедурата за бањање на било кое место. Условите за коегзистирање со другите луѓе се најголемиот ризик. На пример, ако на десет метри квадратни има 20 лежалки, разумно е дека тој дел од плажата ќе небезбедно место.

На прашањето дали постојат шанси некој да биде заразен на плажа или на површината од базенот, професорот објаснува дека тоа е многу малку веројатно затоа што главниот пат по кој што се пренесува вирусот е преку респираторниот систем, односно преку кашлање, кивање, гласен говор кога се отвара устата и т.н.

-Жешкиот песок или било која површина не е местото на кое што ќе се пренеси вирусот. Она што е сигурно и што го зголемува ризикот е гужвата по патот до плажата, на пример во јавниот превоз. За време на плажата или покрај базен морате да водите сметка да бидете на далечина од два метри од другите, а тоа во Грција може да се направи бидејќи имаме доста долги плажи, истакнал професорот.

Како што вели тој, и понатаму се се сведува на личната хигиена, но и на одредени мерки кои ќе мора да важат ова лето.

-Сметам дека ќе биде неопходно да се практикува одалеченоста во продавниците за сувенири, баровите на плажа, и т.н. Да постои одредена раздалеченост меѓу капачите и барем ова лето на ге гледаме слики од претходните години како биле стуткани, додал тој.