Граѓаните на Бар палат гуми во близина на самиот центар на градот и така го обележуваат први мај и покрај предупредувањето на властите.
Оваа не баш убава традиција се повторува секоја година во текот на првомајските празници.
-Палењето гуми во центарот на Бар. „Традиција“ на која би требало законски да и се застане на патот, вели еден од коментарите на граѓаните.
Грди фотографии и видео снимки се појавија на Фејсбук страната „Бар на дланка“.
Одредени граѓани очигледно не размислуваат за последиците кои ваквите активности можат да ги остават на нивното здравје, ниту се грижат за многубројните апели на надлежните. Инаку, бројни локални комунални служби апелирале граѓаните по повод овој први мај да не палат гуми.
-Во атмосферата, при палењето на автомобилските гуми, оди дим во кој се наоѓаат бројни штетни материи, отровни гасови, диоксини и фурани, кои негативно влијаат на здравјето на луѓето и околината, а имаат и канцерогено дејство, наведуваат од комуналната служба.