сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Дали сте чуле за ЈОГУРТ-ДИЕТА? Се држи само 3 дена, а вака изгледа менито

Дали сте чуле за ЈОГУРТ-ДИЕТА? Се држи само 3 дена, а вака изгледа менито

Со оглед на тоа што се наближуваат празниците и празничната сезона, луѓето се повеќе бараат начини да ја поминат зимата без да се здебелат. Во овие ситуации луѓето често бараат на Интернет решение, односно диети кои ќе им помогнат да ја доведат својата линија до совршенство.

Во морето на диети се издвојува една, а тоа е диетата со јогурт, која е многу популарна во последно време.

Оваа диета е една од оние кои ветуваат брзо слабеење, а е создадена од експертот за здравје и актерка Џини Маи. Таа тврди дека мастите од јогуртот го произведуваат хормонот кортизол, кој негативно влијае на гладот, а аминокиселините помагаат во согорувањето на мастите, пишува „Zerxza“.

Вака изгледа менито за тридневна диета со јогурт, колку што треба да трае диетата.

Прв ден

Појадок: Чај без шеќер и една чаша јогурт со нула проценти маснотии.

Ручек: Салата со зелена салата, домат, краставица и кромид и две чаши јогурт со бобинки.

Вечера: варен спанаќ и една чаша јогурт.

Втор ден

Појадок: Сок од портокал и две чаши јогурт со парчиња киви.

Ручек: Печено пилешко, зеленчук по избор и една чаша јогурт.

Вечера: Варена блитва и две чаши јогурт.

Трет ден

Појадок: Кафе или чај без шеќер и два јогурта со овошје по избор.

Ручек: лосос на скара, обарен зеленчук и една чаша јогурт.

Вечера: сезонска овошна салата и една чаша јогурт.