четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Цензорот Таче и неговото право

Очебијно, новиот цензорски закон е обид на Заевци за нов „27-април“,  антинародна закана со која ќе се обидат да ја замолчат јавноста и протестите против нивните политикантски глупоштии. Она што наместениот случај за 27 април и драконските казни за македонските патриоти беа за смената на името, сега за промена на историјата ќе биде Законот за навреда, „помошно средство“  со кое Тачевци ќе ја тераат новата епизода во растурањето на државата и насилното затворање на македонското прашање. А новите Кацарски и Вилми биле во позиција на низок старт. Колку парадоксално - со цензура ќе ја затскриваат цензурата на македонската историја? Толку неолиберално и сороспијски...
Цензорот Таче и неговото право

Во Македонија присуствуваме на еден стар феномен – она, кога ученикот ќе го надмине учителот. Да, Таче е на одличен пат да го засени Црпко, пустиот секој ден е се’ поблиску до титулата македонски најајван политичар. Ок, политикант де…

Некој пред само три недели (толку е на власт) да ви зборуваше дека на политичката сцена ќе се појави лик кој со брзина на светлината ќе успее толку бргу да го симне Зоќи од дилајла – пиедесталот и престолот, ќе речевте: Нема шанси, ЗЗ е еден! Заев така лесно не се минува! Зоче е ултимејт хунтаџија, северџан прима!

Арно ама, не било баш така…

За само три недели неговиот црпнат престолонаследник направи дузина „чудесии“, антимакедонски и антинародни акции на кои дури и неговиот ментор може да му подзавиди. Ако некој се сомневаше во Тачевата анационална хипер активност, тој со јуриш во 5-та брзина ги демантираше Неверните Томи. Можело и полошо, похунтаџиски, позабегано, поцензорски. Нова потврда за вистината – СДССССС, и се’ е можно…

Од вториот ден на власт, кумановскиот Ќуран скокаше ко мало дете околу Петков и се фаљотеше со прифатено „кратко“ име, во кое кратко беше само националното чувство кое го немаше никаде, следуваше уште посервилниот настап во Софија и аминот за Бугари во Устав, па штетничката „заедничка“ прослава на македонскиот великан Гоце Делчев, без ниту еден збор против искажаните бугарски лаги и извртување на историјата за нашиот апостол на слободата, за да четвртата недела од владеењето ја стартува со најава за севернокорејска цензура на граѓанската слободна мисла и закон со кој како навреда ќе се толку дури и „негативно мислење“?!?! Видоа на ФБ реакции, па ФБ владата се повлече за негативното, ама законот си остана цензорски „до даска“…

Секое летенце, ново детенце, а кај цензорот Таче е – Секоја недела нова ујдурма и антимакедонска авантура. И сега? Сега ќе не принудат да молчиме како залиени додека Тачевци и Заевци ја уништуваат историјата, ги распродаваат нашите светци и револуционери, го черечат јадрото и темелот на македонштината, на Македонија?

Очебијно, новиот цензорски закон е обид на Заевци за нов „27-април“,  антинародна закана со која ќе се обидат да ја замолчат јавноста и протестите против нивните политикантски глупоштии. Она што наместениот случај за 27 април и драконските казни за македонските патриоти беа за смената на името, сега за промена на историјата ќе биде Законот за навреда, „помошно средство“  со кое Тачевци ќе ја тераат новата епизода во растурањето на државата и насилното затворање на македонското прашање. А новите Кацарски и Вилми биле во позиција на низок старт. Колку парадоксално и комуњарски – со цензура на народот ќе ја затскриваат цензурата на македонската историја? Толку неолиберално и сороспијски…

Само, една работа превидовте. Нафта веќе никој одамна не пие. На страна што ја поскапевте до небеса, туку и вкусот е огавен, нека си ја конзумираат вашите северџани. Второ, со сила убавина не бива, а вие ја претеравте. Трето, слободна мисла со закони, санкции и репресии не се убива. Добро знаете што таков забеган и дикаторски чин раѓа. Ништо добро, за креаторите…

Затоа, Заевци, најдете начин да си го смирите од критиките загрижениот и растреперен Таче, кој велат дека често под перница плаче. Нека вози мотори, нека лета со хеликоптери ли, нека тресе зелени ко менторот Црпко, нека си најде некое другарче ко Венко, канал за празнење на нервозата. Ете, дури и Пендаровски си најде оддишка. Пиша дека бил платен да трпи критика и пустиот си најде утеха во парите…

Аман, најдете му хоби на Тачето, под итно, сторете се’ за да ги тргне рачињата од македонската историја и од Законите со кои Македонија ќе стане Северна, ама Кореја…