вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Дунстери

Дунстери

Оној кој работи нешто што не го знае. Незнајко. Ова е најкусиот опис на зборот ДУНСТЕР. Еден единствен збор, најкус можен опис кој толку добро и пластично го доловува ликот и неделото на владата на престолонаследникот Ковачевски. Само, што во нашиот уникатен случај зборуваме за множина. ДУНСТЕРИ. Цела чета незнајковци…

И така дунстерската влада на СДССССС веќе петта година работи нешто што не го знае, нешто од што нема поим. Абер да се немало од владеење со држава, а толку да се сакало истото. Парадокс стар исто колку и СДССССС. А кога најдобро се гледа колкави ДУНСТЕРИ се дечките со огромната желба и нула капацитет? Во криза. На страна што толку добро им прилега.

Ќе речете: Кој знае колку и кому толку сме згрешиле, па во една ваква безбедносна, економска и зравствена криза да не водат дунстери ко оној во Зоче возљубениот Таче, Славјанка, Буки, Љупче Путер, Артан Нежни и компанија? Кој од кој, нели?  И што ги оддржува да бидат таму каде што не треба? Единствениот квалитатив што го поседуваат, а не е и баш за фалење како таков. Се вика послушност. Слушаат како „навиени“ што вели народот. Нарачателот уште не ни помислил, а тие веќе исполниле. „Оком-скоком“, вели северниот сосед на насила северизираната Македонија…

Послушни се, ама никако да го послушаат својот народ. И не чудете се што мува не ги лази околу драконското, забегано зголемување на цената на горивата и се’ живо. Северџаните ниту имаат иста состојба на умот, нити на џебот. Доколку не се функционери, за горивото да се точи од народни пари, тогаш лапкаат  тендерчиња и компензираат, па пак не го „осеќаат“. Башка оперирани од чувства, срам, достоинство, гордост и национална чест, се’ е супер во светот на понизните фотелјаши, парадоксално толку агресивни и арогантни дома, а така сервилни и послушни надвор…

Верувам, кога би им рекле дека народот нема за дизел, бензин и плин, дека би одговориле во стилот на Марија Антоанета: -Па нека возат електрични автомобили!

Иако, поверојатно ќе се возат во автобус, уште поверојатно на велосипед. Пешки…

Сепак, таксиратот не е само поради нивната тотална и апсолутна неспособност. Дури и за едно обично танго треба минимум двајца, а за ова што нам ни се случува многу, многу повеќемина. И до нас ќе да е. Чеда стокмени со Стокхолмски синдром. Трпе, Трајче, Мирко…

Замислете, една Албанија ја субвенвионираше цената на струјата. Таму сметките се исти. Арно ама, и покрај тоа Албанците се дигнаа на бунт поради горивата и продуктите.

Кај нас Таче ниту субвенционира ниту има на ум некогаш да го направи тоа. Прави ступидни финти ко оние со горивото и продуктите – дигни ги до небо, па во меѓувреме „донеси“ демек мерки за да ги симнеш мининално. Демек економските дунстери нешто работат, Потемкиново село. А опозиција и експертска јавност со месеци те предупредува дека треба нешто да сториш. Исто ко со струјата. Прикаската со дизелот -од 70 на 94, па муљај дека си донел мерки и „симни“ го на 88 денари. И сега? Журка да правиме ли, блех оркестар да викнеме?

Да престанеме да се лажеме. Не очекувајте овие Марии Антоанети да ги загрижува поскапувањето, ни цената на електрична енергија да го интересира човекот кој има фабрика за „струја“ од фотоволтаици (Таче), кој доаѓа од партија финансирана од „струја“ тајкунот кој има 90% од приватната енергија (Коче) и чиј вистински лидер на синчето 18-годишно му отвори „ваврика“ за струја (Зоче).

Во целата ситуација, единствено добро е што не возиме на марихуана. Тек тогаш што ќе беше…