петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

О’баче Таче со фамилијарен стенд-ап пред сала

О’баче Таче со фамилијарен стенд-ап пред сала

Таче е „струја“. И буквално и фигуративно. И по бизнис-интерес и афинитети. Факт е дека не сме имале политичар кој со таква брзина прави толку многу инфантилни глупости. Откако ги сруши рекордите во гнасење на националните одредници, продавајќи за само половина година владеење се’ што ни преостана од историјата на Бугарите со прифаќање со две раце на демек „Францускиот“ предлог, победувајќи ги и Црпко и ЉуБчо заедно, Ќуран ги потепа и претрка и со брзите 26 милиони евра ќар од фотоволтаичниот бизнис-ќар од државата која ја води.На секое поле, „струја„“ е.

Арно ама, на о’баче Таче никогаш не му било доста. Јок. Имал голем апетити Ќуран, поненаситен бил и од оној во нумерата на Марјан Стојаноски. Фатен во државен рушвет и тендери тешки 30-на милиони, заглавен до гуша во криминал и корупција, Таче барал излез за влез во нова авантура, ама да не се окаља лично. Оти, Американците најавиле битка со корупцијата во Македонија и нејзино сузбивање, а на што би личело токму „премиерот“ на протекторатот да го прави она против кое тие толку многу се заангажирале? На страна што сите знаеме дека го прави. Така, сиромавиот (духовно  и интелектуално) Таче се нашол на маки. Големи.

Та седнал и мозгал, мислел и мислел, колку можел да го прави тоа де. И со што де. А за капацитетот на Ќуран најдобро говори она што остроумниот премиер го смислил. Прашањето било и е: Како да ја заебе државата и тој да не биде оној кој прави бизниси и тепа силна пара пред очи на народот?

И смислил пустиот. Се скршил од инвентивност, ама толку сечело пустото. Викнал, ЕУРЕКА! А резултатот на толкавиот мозочен напор на мисирот бил овој. Што смислил? Ова: ЖЕНА МИ ЌЕ ГО ТЕРА БИЗНИСОТ!

А, за да пародијата биде уште поступидна, откако кумот Паун кој исто така изгоре во аферата со 26-те милиони не влезе во игра, сега верувале или не, го пуштил СИНОТ!?

И додека сите мислеле дека ова е некоја си евтина, инафантилна заебанција и фејк њуз, лажна вест која треба да го доокаља ликот и злоделото на и онака ајван-премиерот и Заев престолонаследник, о’баче Таче „ничим изазваним“ храбро излегол во јавност и без срам и перде, башка без многу акл, срочил: Абе, се’ е легално, сопругата тера бизнис со свои пари!

Е, тоа Ќуран, така не бива. Ќе си тера со свои пари кога ќе се разведете, скраја да е. Во брак, нема твои и мои пари. Така може само во имагинарната и краткотрајна Северна. Во наша Македонија и секаде во светот, парите во брак се заеднички и затоа, не лупетај дека таа имала свои пари, аман, муабетот е нелогичен и глуп ко ноќ. Ко северна…

Во Македонија каква што ја знаеме, мажот не ја каља и не го урива имиџот на сопругата само и само поради неговите нескриени лукративни апетити и  арамиски афинитети. Кај нас мажот е маж, во лошо и во добро. Башка, северниот мисир и на дело докажа дека е кукавица. Толку тачеистички, но за кукавичлукот  посведочи јасно со кривичната од Ковачки, за која по тешки лаги и клевети Ќуран се скри зад имунитетот, дезертирајќи од одговорноста за кажаното и излажаното за полковникот. Лоша навика тоа дезертерството, нели…

И, о’баче Таче, душо напатена со распорен стомак од бугарски гратис-продажби, никој не ти е крив што немаш свое Вице и што кумот Паун ти е исфуран заедно со тебе фатен со рацете во државниот мед. Не ја брукај сопругата. Најди си некое Виценце од поверење, не мора да е од фамилија, некој чесен апаш од апашкото ти „опкружење“, оксиморон ко целиот индолентен тим во владата. Остави семејството на раат.

И не, не очекуваме антикорупциска да те подбере, обвинителство уште помалку, судот најмалку. Ни на крај ум не очекуваме такво нешто нешто за заштитени мечки и докажани распродавачи на македонштина.

Затоа, пак, очекуваме на еден од митинзите да станеш, да растргнеш бре кошуљу и груди и да свикаш: СТАНИ ТАЧЕИЦЕ, ДА НЕ’ ВИДИ САЛА!

Да види народ колку си гол. И бос…Толку можеш, толку знаеш, толку и ти сече. Е, тоа би ти стоело, ко саливено.

На крај, пак, ќе испадне дека дојавите за бомби по училишта ги пушта власта, за дефокус на злодејанијата на истата таа власт. Ни Руси ни Американци, туку северџганистанци. Она, кога училишта се празнат, а нечии џебови и чекмеџина се полнат. Бомбашка дигресија од реалните проблеми, та народ ќе се туфка и пуфка – Ту, ту, ќути што сме живи, па краделе или не функционериве, помалку важно, живи и здрави да сме!

Аха, може затоа и со месеци немаат абер кој ги пушта дојавите. Она, кога треба да се фатиш самиот себе, да си ставиш лисици и да се сместиш во апсаана. Ок, можеби се од Северна, ама толку глупави не се.

Иако, признајте, ова со бизнис-жената на о’баче Таче која со „свои пари“ тера бизнис со кумчето додека маж и глуми главна фаца во државата, малку и ве замислува, нели?