петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Поплава од шовинисти

Поплава од шовинисти

Велат, шовинизмот да ти бил последното засолниште за неспособни и исфрустрирани биљмези. А, ако не верувате, погледнете ја само власта на заминување во Македонија и ќе сфатите дека авторот бил целосно во право. Проблемот е што живееме во време на шовинисти, во сите можни форми, национал ли, машки ли, партиски…

Тешко некој да верувал дека дури и еден мисир може да биде шовинист, ама во Македонија се’ е можно. Така, Ќуран есдесовски покажа дека и тоа чудо можело да биде. Она, кога имаш премиер Црпко Втори, башка со параф на доктор докажано дека е трајно неспособен, башка со жена бизнисменка со „свои“ пари, а башка и машки шовинист?! И после, не го бивало за ништо? Јок, го бивало, покажа и докажа Таче во собрание, за инает на сите. Не’ демантираше, шовинизмот му „лежел“, имал талент пустиот…

Интересна е и генезата на машкиот шовинист и патот преку кој се доаѓа до небулозата некој да презентира ставови за ретроградна машка супериорност во 23-та година од 21-от век. Сељак, што би рекле со урбан речник, не селанец.

И сега, ајде од почеток. Ви личи ли Таче на искомплексирано човече? Од првиот ден, нели? Од кога „ничим изазваним“  го црпнаа од финансии и го сторија прецедник на СДСССС и премиер. Епа, перцепцијата е таа, најчесто не греши, а и одвреме-навреме и науката го потврдува истото. Еве што вели таа за раѓањето на машкиот шовинизам кај една личност, поверојатно лик.

Во основа, психологијата вели дека машкиот шовинизам претставува обид да се скрие срамот и комплексите кои што произлегуваат од еден или повеќе праосновни извори: Прво, нерешени инфантилни стремежи и регресивни желби, непријателска завист кон жените, Едиповиот комплекс, конфликтите и желби за моќ поврзани со мажествената не/самодоверба. Најчестите толкувања се дека во животот на овие современи Едиповци, мајките биле многу поважни од татковците во развојот на нивното бегство од грдата реалност на лик со пониска вредност во ареалот на машкиот шовинизам, а „лечењето“ на нивните комплекси најчесто се поврзува со одмазда кон сопругите и кон жените околу нив. Во превод, мажиња кои мечтаат да станат мажишта. Веднаш на ум ви падна еден лик, нели? Да, еден месијански лик, илјада зборови…

Интересно е што самата партија на машкиот шовинист кој не знае да се извини за навредите практикува и еден ендемски, партијски шовинизам. Она, кога една индолентна, ултра-инфантилна, мега-неспособна  и крајно-сервилна партија си ги лечи сопствените комплекси преку ароганција и агресивно верување во измислена урбана легенда за некаква си партиска супериорност и слава. Старата комуњарско-удбашко-ознашка приказна за најубавите, најумните, најдржавниците, чедата дарени со наследно право да владејат со Македонија, да решаваат сами за судбината на овој напатен народ, без срам и перде да крадат, тендерисуваат, аздисуват и прават зулуми без никаква одговорност. Уникат како и нивната превртливост, безрбетност и послушност кон кој било фактор што ќе им дари власт. Северна, ендемска направија…

И сето ова доаѓа во пакет и во комбинација со национал-шовинистот Груби, кој испадна дека бил многу нежен на трупање пари во семејниот буџет и купување најлуксузен деловен простор за микро, море нано-сумички, по багателни цени. Лик кој од преведувач, преку тепање македонски деца на скопското Кале, стана десна рака на Алија и премиер во сенка со два мандата во низа – прво во владата на Заев, а потоа и кај неговиот престолонаследник Ковачевски. Човече кое обожува да лета орлиња и да зборува за воен плен на локални избори. Добро, тука и не многу подалеку е другар му Таљо, спикер кој како хоби практикува да погани и руга малолетни деца на пратеници од опозицијата.

И ај, тоа би било тоа. Или, не? Немаме толку среќа.

Арно ама, во семакедонскиот таксират, не само внатре, туку и однадвор не демнел шовинизам, овојпат предничел бугарскиот, оној грчкиот бил на пауза, во резерва. Бугарскиот ни е ѓоамити „добар ден“, познат и стар со векови, одличен доказ дека историјата мора да се учи затоа што истата постојано се повторува. Шовинизам стар како и патетичните пропагандистички методи на Радев, Јотова и компанија со ретро-употреба на суртуци и пендиковци, купување наклонетост на криминалци и дилери кои наеднаш сфаќаат кој се и што се, се’ до ширење тешки лаги за некаков македонски садизам и тепање и репресии врз други националности. Она, кога крадецот вика ФАТИ ГО КРАДЕЦОТ! Фројд, нели. Бедотија од пропаганда, која не минувала ни во 1923-та, не па еден век подоцна кога секоја баба во престилката има андроид мобиљка. Бугарска статива…

 

Туку, знаете ли што е разликата меѓу македонски функционер, балкански шовинист и батерија?

Батеријата има позитивна страна…