Секое чудо за три дена, вели македонскиот народ. Кај северните политиканти, пак, „три дена“ се половина час, два максимум. Прашајте го Стево ако не верувате, тој им е самодемантирачки-гуру. И така, според комуњарската класика, бадијала беше моменталниот излив на троа отпор и супер-финти со ѓоамити паѓање на систем на граница. Толку ги држеше, половина час. А, кога не те бива, едноставно, не те бива. И точка. Така и Таче. Не му стои непокорот на Ќуран. Најверојатно, поради хроничниот недостиг на кичма, срам, гордост и македонштина…
И не мина долго време, а пустиот престолонаследник пак се изрезили. За сите пари. „Сва“ среќа што жена му има свои пари, па може самата да си тера бизнис со струја, инаку со маже што тресе по 100 зелени на саат, не би им одел најдобро семејниот буџет…
Со наместен траорен лик која не му одговараше, нити пак местото и улогата од 10 броја поголеми кондури и сето тоа пред вечното почивалиште на великанот, Ќуран срочи дека Гоце Делчев бил „светски и голем“. Апсолутно точно, аферим Таче. Туку, заборави макар еднаш да кажеш дека бил МАКЕДОНСКИ. Да не ги налутиш Бугарите, нели, признај. Ја кажа и притоа промаши најпознатата Гоцева космополитска мисла кој само замислете „светот го разбирал како поле за културен НАПРЕДОК меѓу народите?!“, иако кај северните политиканти таа иста култура е на дното на интересот, ама попригодно, полн погодок за народот ќе беше да ја кажеш и другата Гоцева, македонска мисла „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот.“ Таа, па и да утнеше некој збор, ќе имаше многу поголема смисла и допир со денешната ситуација, макар ја кажал и еден од актерите во неа, а тоа да не ти бил народот…
И така, благодарение на „остроумноста“ на заптијата Оливер, народот беше на еден километар од почивалишетото на таткото на современата македонска нација. Толку „добро“ и Орвеловски се справија со бугарската закана што направија непребоен бункер, полициска тврдина од вечниот дом на Делчев, та првпат во историјата народот не можеше да му ја одаде должната почит на апостолот. Многу „промуќурно“ Обиџуко, како само ви текна, ајвани, да направите таква хохштаплерска воена зона. И сето тоа смислено од истите суртуци кои толку ја укашкаа работата за да дојде до овие глупоштии со Бугарите. Катализаторот наречен севрени политиканти со бескраен афинитет да потпишуваат и потпушуваат…
Арно ама, можеби и биљмезите не знаеле што затвораат со оваа армија полицајци?! Чиста логика. Па нели самите си кажаа во честитката на партијата северна, со фалбата дека „Претставниците на СДСМ, одадоа почит пред СПОМЕН КУЌАТА на великанот Гоце Делчев…“ Цццццц, дунстери неписмени и историски кецароши, немате ни поим дека тоа не е е спомен куќата на Гоце, нели? Ајде, дудуци, дигнете ја вистинската во родниот му Кукуш, ако имате храброст. Ок, немате, не ни пробувајте, нема да ви личи.
И случајно, партиските поданици на Таче во антимакедонската амнезија исто така „заборавија“ во честитката да пишат дека Делчев е МАКЕДОНСКИ?! Ах, да, како орни потписници имаат сериозен проблем со зборот кој не смеат да го изговараат по Преспанската капитулација. Неофицијално, на Бихаќка за секое кажано „МАКЕДОНСКИ“ оставале по 100 евра во специјалната теглата за казна. Северџганистански таксират, џебот најмногу ги болел пустите неранимајковци…
Сето ова кога благодарение на подвизите на Црпко Први (Заев) и чекорите на неговиот престолонаследник, 8.500 Македонци од Албанија земаа бугарски пасоши…
Но тоа не е се’, би рекле во топ-шоп и кај Црпковци, кога благодарение на истите шалабајзери по долги години се вративме во филмот на „Среќна Нова ’49-та“ и посведочивме класична цензура на новинари и редакции од надобудниот и арогантен пи-ар тим на Таче и тоа, ни помалку ни повеќе, туку директна цензура од колегите кои заборавија дека пред година-две беа „само“ новинари. Дел од новинарите ги одбија и не им дадоа северен изим за да дојдат да известуваат од таму, а другиот дел го караа и им се дереа на местото на настанот. На еден дури му се заканија дека ќе го кажат на уредникот затоа што многу прашувал. Новинар, па прашува, скраја да е. Ок, заборавиле во влада на добри манири, демократија и култура, така е кога си во друштво со аздисаните и насила насадени Таче, Маричиќ, Бектеши, Груби и компанија. Пуста, лоша, северна навика…
И сега? Сега секој национален празник ли ќе паѓа системот на граница и ќе правите бункери од Мечкин камен, Крушево во карантин ли ќе го ставате, за три месеци пак ли гробот на Гоце ќе биде воена зона за 120-годишнината од смртта? И така до недоглед, само и само поради глупоштиите на Заев, Таче, Бујар и северната болумента која им пушти вода на аздисаните бугарски национал-шовинисти и „заев-изазваним“ неофашисти? Ја укашкавте „скроз“ работата, па сега ќе глумите полициска држава, а? Ок, како наследници на удбаши и ознаши, вам можеби и ви прилега, ама не ја бива вака за Македонија, ама ич.
И да, да бевте манги, со сиот тој лажен чалам, аздис, агресија и ароганција со кои прштите по дома, можевте да испратите и едно авионче да ги собере стаклата од искршениот македонски културен клуб во Благоевград.
„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“ , прашува пред над 120 години Гоце, а благодарение на Црпковци и нивната севрџганистанска банда со усти зинати за пари, истото тоа поле за „работа“ станува се пошироко, а народот се’ понесреќен. Ајде, секое зло за добро, вели народот, па злодејанијата и затворањето на Гоцевиот вечен дом за македонскиот народ нека бидат причина за убрзување на долго очекуваниот „црвен картон“ и симнување на оваа армија паразити од власт.
Mакедонскиот великан уште вели „Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“
А што беа „заедничката“ историја, откажувањето од нашите браќа и сестри од соседството, промената на вековното име, двојазичноста, затворањето патриоти и идиотските договори од Преспа и оној за „добрососедство“, ако не токму тоа, присоединување некому, попуштање, понижување, ништење и негирање на Македонија и Македонците. Класично велепредавство и ставање на државата во подредена улога.
Како, се прашувате? Еве ја и формулата на Даскалот: „Труд и постојаност (упорност), тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.“
Да, поради Македонија, време е, крајно, да бидеме поупорни и да ги тргнеме од фотелјите кои и онака не ги заслужуваат, нити некој ги гласал за да седат во нив и судба да ни кројат. И, искрено, мислам и дека и покрај тоа што очебијно слабо им одело школото и учењето, голем дел од овие северни бандити во Идризово и Шутка лесно и со песна ќе научат да кажуваат МАКЕДОНСКИ и МАКЕДОНИЈА…