Умереното пиење вино помага да се ублажи пост-ковид синдромот, изјави за интернет-страницата „Ура.ру“ Александар Мјасников – доктор и ТВ-водител од Русија.
– Откако некое лице ќе прележи коронавирус, чаша црвено вино е корисно бидејќи тоа содржи ресвератрол – моќен антиоксиданс… Овој тип терапија, сепак, е несоодветен за луѓе кои не пијат алкохол, нагласи стручњакот.
За оние другите, Мјасников појасни дека е дури и полезно да се конзумира алкохол, една недела откако ќе помине акутната фаза на болеста. Лекарот, покрај тоа, предупреди да не се злоупотребува алкохолот, нагласувајќи дека тој е сосем забранет во критичниот период на секоја заразна болест, која се одликува со треска и при којашто вирусот се размножува во телото. (МИА)