Сигурно е дека не постои човек кој барем еднаш во животот не се обидел да ја регулира исхраната и да пробал диета.
Некои луѓе се упорни, па успеваат брзо да ослабат, додека некои се мачат и полека слабеат.
Во продолжение ви претставуваме диета со варени јајца која им помогнала на многу луѓе, а не бара многу храна. Сепак, пред да се одлучите за овој тип на диета, како и за секоја друга, консултирајте се со вашиот лекар.
Еден од најважните делови е да пиете многу вода, особено ако сакате резултати што е можно поскоро бидејќи тоа повеќе ќе му помогне на процесот на детоксикација.
Оваа диета е прилично едноставна и секој може да ја проба. Ќе мора да заборавите на нездравата храна, а исто така да го ограничите внесот на шеќер и сол, како и алкохол и газирано. Ако направите се како што треба, тврдат дека можете да изгубите и до 11 килограми за само две недели.
Прва недела:
Кога станува збор за појадок, секој ден е исто: две варени јајца и еден лимон.
Понеделник:
Ручек – 2 кришки интегрален леб и малку овошје
Вечера – пилешко и голема порција салата
Вторник:
Ручек – салата од пилешко и зелен зеленчук
Вечера – 2 варени јајца, 1 салата од портокал и зеленчук
Среда:
Ручек – 1 домат, 1 парче леб од цело зрно и сирење со малку маснотии
Вечера – пилешко и салата
Четврток:
Ручек – овошје
Вечера – пилешко на пареа и салата
Петок:
Ручек – 2 варени јајца и парен зеленчук
Вечера – скара или риба и салата
Сабота:
Ручек – овошје
Вечера – зеленчук со пилешко на пареа
Недела:
Ручек – пилешко, салата од домати и зеленчук на пареа
Вечера – парен зеленчук
Втора недела
Понеделник:
Ручек – пилешко и салата
Вечера – 2 јајца, салата и 1 портокал
Вторник:
Ручек – зеленчук на пареа и 2 јајца
Вечера – риба или скара или салата
Среда:
Ручек – пилешко и салата
Вечера – 2 јајца, салата и 1 портокал
Четврток:
Ручек – 2 јајца, зеленчук на пареа и сирење со малку маснотии
Вечера – пилешко на пареа и салата
Петок:
Ручек – салата од туна
Вечера – 2 јајца и салата
Сабота:
Ручек – пилешко и салата
Вечера – овошје
Недела:
Ручек – пилешко и зеленчук на пареа
Вечера – исто како и ручекот