вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ, НЕ Е САМО ВОДАТА! Еве кои ПИЈАЛАЦИ ги препорачуваат нутриционистите доколку сте на ДИЕТА – тука е и ВИНОТО!

НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ, НЕ Е САМО ВОДАТА! Еве кои ПИЈАЛАЦИ ги препорачуваат нутриционистите доколку сте на ДИЕТА – тука е и ВИНОТО!

Доколку внимавате на исхраната, овие пијалаци ќе ви помогнат во тоа.

Кога започнувате диета, или популарно целосно го менувате начинот на живот и се посветувате на здравата исхрана, изборот на храна не е единственото нешто што треба да го земете во предвид.

Покрај храната, многу е важно кои пијалаци ги консумирате, имајќи предвид дека најчесто имаат скриени калории, па дури и го забавуваат процесот на слабеење.

Иако водата е главниот и најздравиот пијалак, кој го препорачуваат сите нутриционисти, за среќа, не е единствениот.

Кафе – Можете да пиете кафе, но нека биде црно, без шеќер. Не додавајте млеко, шеќер, шлаг и слично.

Чај – За среќа, тука речиси и да нема ограничувања, освен што не смеете да додавате шеќер и мед во чајот.

Вода – Најдобар начин да ја задоволите жедта со нула калории. Киселата вода е исто така опција.

Купечки сокови – Ова треба да биде општо правило, соковите никогаш не се добар избор. Сокови од зеленчук можете да подготвите дома.

Whey шејк– одличен начин да добиете дополнителна дневна доза на протеини, но не претерувајте. Во просек, една доза Whey протеин измешана со вода содржи околу 150-200 калории.

Вино – Повремено можете да се почестите, но со само една чаша вино!

Кокосова вода – Идеална за пијалак кој подмладува и природно ја враќа изгубената животна енергија и сила со минимални калории.

Растително млеко – Кокосово, бадемово, соја, ориз, просо и овесно млеко: растителното млеко е тренд во исхраната што е добро да се следи – препорачува нутриционистката Наташа Ѓукиќ.