вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Ова е здрав појадок: Подгответе го вечерва, а од утре ќе почнете да слабеете

Ова е здрав појадок: Подгответе го вечерва, а од утре ќе почнете да слабеете

Веќе сте пробале неколку диети, но тие се безуспешни? Имате бавен метаболизам, а најголема желба ви е да ослабнете?

Тогаш треба да го пробате овој рецепт. Овој појадок изобилува со витамини и минерали.

За подготовка на овој оброк ќе ви биде потребно: 300 мл кефир (или безмастен јогурт); 2 супени лажици овесни снегулки; 1 лажичка мелено ленено семе; 1 лажичка какао во прав; 5-7 суви сливи.

Подготовка:

Овој оброк се подготвува навечер за следниот ден. Прелејте ги со 100 мл зовриена вода сувите сливи.

Покријте ги и оставете ги да отстојат 5 до 10 минути. За тоа време во сад ставете ги овесните снегулки, меленото ленено семе и какаото. Прелејте со кефир и промешајте добро.

Сливите што набабриле ситно исечкајте ги, може и да ги измиксате во блендер и додадете ги на претходната смеса.

Добро промешајте и оставете го појадокот да отстои во ладилникот.

Наутро извадете од ладилник и уживајте во вкусниот и здрав појадок.