вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Со јогурт до одлична фигура: За само неколку дена отстранете го вишокот килограми

Пробиотичкиот јогурт е сигурно корисен за здравјето, а иако засега не постои цврст научен доказ кој ја поврзува јогурт диетата со слабеењето, краткотрајната примена на оваа диета сигурно нема да им нашети на здравите лица, но не се препорачува долгорочно практикување.
Со јогурт до одлична фигура: За само неколку дена отстранете го вишокот килограми

Не е ова диета во вистинска смисла на зборот, повеќе станува збор за феномен кој постои во различни верзии.

Ви претставуваме една од нив, можете да ја држите после празниците сигурни сме дека ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми кои сте ги наталожиле.

Основни принципи

Делувањето на јогурт диетата се базира на својствата на пробиотичкиот јогурт да го стимулира растот на здравата цревна флора, а како резултат се добива брзо варење на храната, елиминација на токсините, па така и слабеење.

Кога храната темелно ќе се свари, воедно се унапредува здравјето на цревата и општото здравје на организмот.

Се препорачува дури до 2 литри јогурт секој ден (нискомаслен), а со јогуртот можете да јадете и свежо овошје, а треба да ги избегнувате слатките зашеќерени јогурти.

Една од верзиите на Јогурт диетата изгледа вака:

ПРВ ДЕН

Појадок

Наутро изедете овошен јогурт (сами подгответе го од нискомаслен јогурт и свежо овошје) или јадете јогурт со овесни снегулки.

Ручек

На маслиново масло издинстајте зеленчук и на крајот помешајте го со варен ориз. Освен сол и бибер во зеленчукот немојте да додавате никакви зачини. За десерт повторно јадете овошен јогурт кој сами ќе го подготвите.

Вечера

Пред спиење ќе ве засити салатата со шунка и моркови. Исецкајте еден морков, јаболко и 50 гр шунка, па сето тоа издинстајте го на маслиново масло. Се заедно помешајте со немасен јогурт.

ВТОР ДЕН

Појадок

Направете салата од краставици, потребен ви е јогурт и краставица која ќе ја исецкате на коцки и на крај се заедно ќе помешате.

Ручек

Посолете и забиберете малку мисиркино месо исецкано на коцки и испечете го на маслиново масло. Додадете сецкани шампињони, еден домат и пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне додадете го јогуртот.

Вечера

Две чаши јогурт помешајте со неколку бобинки мешано шумско овошје (може замрзнато).

ТРЕТ ДЕН

Појадок

Со јогуртот помешајте сирење, исецкано јаболко, малку цимет и на крај посолете и забиберете.

Ручек

Испечете 150 гр филе од ослич, а како прилог направете салата од јогурт, со краставица и малку сенф.

Вечера

Сварете 100 гр тестенини, додадете една исецкана пиперка и варено јајце. Се заедно помешајте со јогурт.

Влијание на здравјето

Пробиотичкиот јогурт е сигурно корисен за здравјето, а иако засега не постои цврст научен доказ кој ја поврзува јогурт диетата со слабеењето, краткотрајната примена на оваа диета сигурно нема да им нашети на здравите лица, но не се препорачува долгорочно практикување.