четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ЗА ТРИ ДЕНА ТРИ КИЛОГРАМИ: Оваа диета делува многу брзо, нема гладување а една намирница е клучна

ЗА ТРИ ДЕНА ТРИ КИЛОГРАМИ: Оваа диета делува многу брзо, нема гладување а една намирница е клучна

Доколку сакате да ослабете, пробајте ја диетата со грејпфрут, бидејќи освен што содржи малку калории, полн е и со витамин Ц, кој е многу важен за забрзување на метаболизмот и не содржи масти и холестерол.

Намалете ги јаглехидратите
Се заснова на намален внес на јаглени хидрати. Слатките се целосно забранети, а протеините се една од главните намирници.
Појадокот е ист секој ден: грејпфрут или 250 мл цеден сок од грејпфрут, кафе или чај, 2 јајца (пржени, варени…) или 2 кришки сланина.
Ужина, најмалку 2 часа пред спиење: 250 ml сок од домати или 250 ml обезмастено млеко

Прв ден
Ручек: грејпфрут или 250 мл цеден сок, бело тврдо сирење, спанаќ, 1 препечен интегрален тост
Вечера: грејпфрут или 250 мл цеден сок, плескавици, варен зеленчук

Втор ден
Ручек: грејпфрут или 250 мл цеден сок, туна салата
Вечера: грејпфрут или 250 мл цеден сок, 2 посни свински стекови, зелена салата

Трет ден
Ручек: грејпфрут или 250 мл цеден сок, варено говедско месо, пилешко или риба, салата од домати
Вечера: грејпфрут или 250 мл цеден сок, пржена риба, салата од мешан домат и зелена салата