понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Хорор во кочанско: Татко избоде син, со тешки повреди пренесен во болница

Хорор во кочанско: Татко избоде син, со тешки повреди пренесен во болница

Татко си го прободе синот со нож, по расправија и физичка пресметка во кочанско Теранци.

Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера околу 23:20 часот кога по тепачката 75 годишниот Д.С. со нож му нанел две убодни рани на својот син Д.С. (38).

-Д.С. бил пренесен во Медицински центар Кочани каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Д.С. (75) бил приведен во Полициската станица Кочани, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.