Папата Франциско повика на мултинационален одговор на илегалната имиграција, бидејќи проблемот често ги „надминува можностите и ресурсите” на одделните држави.
Апелот е дел во пораката испратена од папата на денешната конференција помеѓу Ватикан и Мексико посветена на миграцијата.
Изјавата се совпадна со зголемените тензии во Европа, поврзано со одбивањето на Италија да прифати брод со спасени мигранти.
Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин изрази уверување дека Италија ќе го преземе својот дел од одговорноста, но мора да има „заеднички одговор“ на проблемот, за таа земја да не биде оставена сама.
МИА