вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Груби закани со војна поради нежни фотелји, криминал и тендери

Груби закани со војна поради нежни фотелји, криминал и тендери

Мислевте дека само СДСССС е киднапирана партија? Јок, ДУИ е уште покиднапирана. А, Македонија како држава, најмногу. Познат е и идентиетот на киднапирачите, едниот милува да лета орлиња, а другиот му пушта ветер и дува ли дува за да пустото пиле лета што подолго. Артан и Ќуран ги викале. Навидум и на прв поглед неприродна и парадоксална коалиција и евтина басна. Она, кога мисирката го љуби орлето?!?! Арно ама, кога ќе им ги видите џебовите кои им се влечат по земја, се’ ви станува повеќе од јасно…

Во време кога власта заглавена до гуша во правење (читај купување) „нова“ влада, тендери и рушвет нема поим и абер (ниту време и интерес) да дознае кој веќе половина година пушта лажни дојави за бомби кои вистински ги празнат македонските училишта и институции, јавноста дозна и дека Артан Груби нежно ја киднапирал сопствената партија. А, за да видите до каде им оди умот, уплавот и паниката, само видете како теледиригираната партиска пи-ар шклопоција реагира во одбрана на ликот и неделото на хохштаплерот кој направи кариера тепајќи македонски  деца на скопското Кале.

Сега, замисли, партијата која изникна од терористичката УЧК, најново обвини дека опозицијата била антиалбанска и повикувала на војна со Албанците, само и само затоа што нежно го опоменаа Груби дека знаат оти со брат му купиле дуќанче од околу 500.000 евра на најлуксузната локација во Скопје?!?! Ццццц… Довчерашниот гилиптар кој од преведувач во амбасада стана милионер, очебијно не реагира баш демократски на обвинувања за криминал, па користи методи слични како оние со децата на Калето. Лоша навика, нели…

Туку, ве потсети на нешто обвинувањето на ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ повикува на војна со Албанците заради тоа што обзнани дека Арти плива во криминал како сом во матна вода? Да, ова е грдо дежа-ви, веќе видено. Не така одамна…

Се сеќавате како реагираше неговиот ментор Али Ахмети кога две телевизии беа единствените кои ги пренесоа „огнените момчиња“ кои побараа ДУИ да се отргне од  канџите на киднаперот Груби? Па, ни помалку ни повеќе, туку со јавно обвинување на седокосиот дека ТВ Алфа и Телма биле непријатели на Албанците. И Ќуран се фати за антимедиумското оро и заигра на „кец“, доплука и докашка, за после да не се ни извинат арогантните мизантропчиња. И, пак, за кого друг ако не за престолонаследникот на Алија.

Симптоматично и патетично, нели, кога престолонаследникот на Заев го брани наследникот на Ахмети. Демолирачкото дуо од 2017-та, кое ја кутна на колена и во низа понижи Македонија и Македонците. Прикаската за лончето и капачето. Кој од кој поантимакедонец, потендераш и поапаш. Си се нашле пустите северни лукративни опортунисти, како створени еден за друг со забеганите зеленашки бизнис-партии. Таче и Нежни се само „подмладокот“.

И сега? Сега ДУИ меѓу редови се заканува со војна ли? Ова ли е извртената психологија на Грубиевци, ќе обвиниш некого дека е против Албанците и демек сакал војна само и само затоа што укажал дека Артан ја претерал со апетитот и богатењето? А, реално, ти си оној кој се заканува со забегана војна доколку некој не престане да чепка по фамилијарните бизниси и не прекине да ги вади криминалите на твојата партиска перјаница?!?!

Чек, чек… Непријатели на Албанците ли се и Изет Меџити, Муса Џафери, Беџети, Ганиу, Бејта и останатите. Ок, и тие не се баш некои цвеќиња за мирисање, особено кон Македонците, дел и команданти, ама дури и кон нив Груби има понежна реторика. И аман, сменете лента со тоа заканите со војна, арам.

И не бадијала, ДУИ ги полни со свој кадар судството и обвинителството, помогнато со две раце од социјадемократите од она на „С“. Да не се лажеме, знаат пајташите во криминалот дека ова нема да трае вечно, па крадат ко улави и создаваат отстапница за кога ќе траснат од власт, поблаго и “помеко“ да атерираат. Не џабе лупнаа толку пари и на пензионираните НВО-а. Ќе треба да ги бранат.

Таче и Црпко со Алија запливаа во „струја“ бизнисот, фамилија на Таљо сардиса правосуден систем, комуњарски наплив во Уставен, Судски совет, Академија, се купуваат дуќанчиња, се затвораат пари од рушвет и тендери збрани.

За брзо време, очекувајте промени по кои следува голем сеир, протести и новокомпонирани шарени револуции, амбасадори со пресови пред влада, НВО суртуци кои ќе се рабудат од зимскиот, северен сон. Веќе видена прикаска, само, аман, вие „излажаните“ кои минатиот пат паднавте на оваа евтина и глупава прикаска, сега за промена размислете и обидете се да се воздржите од поддршката на неспособните битанги скриени во „демократска“ кожа…

Велат, вака крајот мириса.

Ајде, аирлија нека е…