петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

„Спотерот“ кој мора да замине…

„Спотерот“ кој мора да замине…

Додека одамна дојдениот, залепениот и небаре заварен за влада Али пак и пак „доаѓаше“, Таче и натаму ја играше единствената улога која ја знае. Беше, е и ќе остане – СПОТЕР. Стара, прастара улога од македонскиот сленг која означува современ палјачо, лик кој секогаш е во споредна улога и константно служи за реализација на туѓи планови и заебанции, а во овој случај и сериозни антимакедонски местенки.

И така, додека статистот, кој со голем елан ја играше доживотната улога на хохштаплер роден за подбив, аздисуваше, Македонија одеше во единствениот можен правец определен со вакви властодржци и „лидери“, удолу, надолу, кон дното. Во бездна…

Се сеќавате на монтипајтоновските видеа и фотографии кога суртукот Црпко го шеташе Ќуран по настани, го запознаваше како престарена мома желна за мажење и која никој не сака да ја земе, та го подготвуваше да стане Црпко Втори? Оние незаборавни и трагикомични моменти кога Таче, штотуку црпнат од финансии, ѕиркаше зад „големината“ на Зоче и ја доживуваше оцерен до уши својата премиерска иницијација, чин во кој за да стане заменик на Муртинхаузен требаше да покаже дека може да биде негов не/достоен наследник, да го презентира својот супер-талент за уништување на Македонија?

Оние лажливи моменти кога Македонецот си велеше „Не, не и не, не може полошо и подолу од Заев, нема шанси, луѓе!“ и се тешеше со фактот дека по црпнатиот од нива, новоцрпнатиот од финансии не може дабиде „повира’н“, позабеган и посуртук? Да, надежта последна умира, но не „умира“ ни непресушниот и самоунишувачки елан на црпнатите лукративни чеда, толку жедни за пари, власт и моќ. Емпириски докажано со Црпко први и неговиот престолонаследник.

Го изнагледавте Ќуран во стотици ситуации, напати прашувајќи се дали Зоче ни е можеби и ифрит лут што украл премалку пари, па за казна ни наместил ваков спотер-лик, за да ни врати што не здиплил сто пати повеќе, ко што посакувал? Од друга страна, со Ќуран сме на чисто, ова е нова ситуација во која никој не се прашува кој е кукларот кој ги движи конците со марионетата на сцена. Сите знаат дека дотичниот најчесто е на плажа на Халкидики, а поретко во Струмица.

И после, аздисале во власта? Та Груби купувал за три просечни плати имот од милиони, те Бујар повеќе ги бранел Бугарите од Македонците, првата дама терала бизнис со свои пари, Бугарите виеле оро и ја понижувале историјата, светците и револуционерите. Малку ни е …

И додека во протекторатот Македонија, во моментот уреден со уникатен и ендемски северен апартхејд, Албанците се подготвуваат за прослава на третата албанска држава на Балканот, дарена од Црпковци и наскоро предводена од премиер Албанец, спикер Албанец и претседател кој тие си го избраа, единствена утеха е фактот што доаѓањето на дотичниот премиер ќе го означи скориот крај на оваа неподносливо забегана направија.

Искуството со Црпковци и сета горчина, понижувања, срам и пелин кој го проголтавме минативе скоро шест години ве тера да се запрашате – ако не дај Боже, останат на власт, кој и каков ајван би бил следниот во низата, Црпко Трети? Бљак. Грда слика, нели?

Прогнозата која вели дека над Македонија виснале црни облаци кои носат доумерено облачно и прекумерено антимакедонско време, со услови за сеалбанска коалиција предводена од СДССССС, ветришта кои налагаат дека новиот Црпко, оној Трети, ќе биде Артан или Бујар, но со 4-годишен мандат, услов за олицетворување на единствената можна предизборна коалција која може да ги спаси северџганистанците во нивниот ниет и непресушна опстојба за натамошен распад на државата и поволна клима за тендери и продолжување на главната владина занимација срочена во мотото „Кради ко улав и ко да не си видел пари, а ако претераш и те фатат, ќе ги одолговлекуваме судските процеси до недоглед“.

Затоа, перфидното „ДА! Тој доаѓа“ мора да стане „ДА! Тој си оди“, поверојатно „ДА! Тој МОРА да си оди“  или уште подобро, „ДАААА! ТИЕ си одат!“, во пакет со спотерот Таче и „доаѓачот“ Али, топ-тан и заедно со бандитите околу нив збрани.

Мора, ако сакаме Македонија да остане онаму каде што е и за да превенираме „ДА! МАКЕДОНЦИТЕ ЗАМИНАА…“