четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Дудуци, дилајли и дунстери

Државата која благодарение на тапоста на власта остана без леб, сега сведочи и на најлошо и најглупо потрошени 26.000 евра во историјата, пари фрлени во ветер за промоција на Таче кого ни Вардар не го пере, не пак Забрчанец. Бадијала фрлени над 1.5 милиони денари, подобро на Павле и Пендиков за бело да им ги дале или на Димова за нови тренинзи на магариња, на Маричиќ за ручеци со ајкули, китови и делфини, па дури можеби и Рашко со нив ќе ја подобрел својата „програма“. Груби, најверојатно, најдобро би ги потрошел да му ги дале, гарант ќе му биле тамам за да си купи нов дуќан од половина милион евра со овие 26 илјади...
Дудуци, дилајли и дунстери

Од секое гранче, свирче не бива. Исто, како што од секое „дрво“ не бива политичар, премиер уште помалку. Така, информацијата дека пи-ар службите на владата, СДСССС и бандата потрошиле цели 26.000 евра за ФБ и инстаграм промоција на Таче и неговиот лик, злодело и постови е само потврда за кажаното.

Државата која благодарение на тапоста на власта остана без леб, сега сведочи и на најлошо и најглупо потрошени 26.000 евра во историјата, пари фрлени во ветер за промоција на Таче кого ни Вардар не го пере, не пак Забрчанец. Резултатот нула, веројатно и во минус. Бадијала фрлени над 1.5 милиони денари, подобро на Павле и Пендиков за бело да им ги дале или на Димова за нови тренинзи на магариња, на Маричиќ за ручеци со ајкули, китови и делфини, па дури можеби и Рашко со нив ќе ја подобрел својата „програма“. Груби, најверојатно, најдобро би ги потрошел да му ги дале, гарант ќе му биле доволно за да си купи нов дуќан од половина милион евра со 26-те илјади, оти кај него работи ДУИ мултиплицирачката магија, та кога тој купува се’ по багателни, дампинг цени му даваат, а потоа еврињата се множат ли множат со аритметичка прогресија. Вака, пари фрлени во бездна.

Вистинскиот проблем е што ова се само сумите за кои северните суртуци се фатени дека ги потрошиле за промоција на Ќуран, вистинската цифра сигурно е помножена со десет, со сто. Да, ефектот и со 2 милиони евра поарчени за Таче би бил ист. И 10 милиони би го постигнале истото. Од тоа „дрво“ политичар не бива, а имиџот на шовинистичко маже кое со сељачки мачо чаршиско-кумановски финти им се обраќа на пратенички и тресе глупости на секој втор збор не го оправа ни Мерлин волшебникот, џабе би била и најдобро платената светска пи-ар агенција, не пак дудуци без факултет како Забрчанец и медиумската провладина банда која секој понеделник кмичи со главите надолу кај него и ги впива насоките кои сороспијата број еден им ги дава на армијата уредници и новинари. Мислите дека не знаеме, а? Ццццц, ова  е Македонија суртуци, се’ се дознава за 5 до 10 минути, така што вашите нео-гебелс-состаночења одамна протекоа во јавноста…

И доста се кочоперите со таа стара влада со нови корисни идиоти за една употреба, сега со ликот на Алијанса. Пак сте стакленоножни. Вистината е очебијна, две третини од народов смета дека не водите во бездна, исто беше и на референдумот пред скоро пет години, тоа е константа. Симптоматично, нели?Јок.  Не е сомнително, ама ич. Тоа е грдата вистина за реалната поддршка, дел немакедонци, дел опортунистички сдссссссмовци, дуевци и бројката на гласачи ви завршува на околу една третина лукративни северџганистанчиња. Две третини се константно против вашите злодејанија и повраќаници.

Јасно ви е дека местењето избори умре со новите машини за отпечатоци при гласање, видовме на локалните избори. Кај и да е, во најава ви следува едно јако траскање од земја, а местењето на ќерки, синови и партијци по судовите и обвинителствата нема да ви помогне за ублажување и помеко атерирање од височините во кои летнавте со умот.

Ќога ќе траснете, надалеку ќе се чуе, ќе летаат пердуви на сите страни.

Царот одамна е гол, Таче е и бос, а вие идолопоклоници на СДСССС несветото тројство. Дудуци, дилајли и дунстери, на секое можно поле.

Проблемот со кој се соочуваат хохштаплерите од несветото ДДД тројство е што во Македонија се’ уште има многу луѓе кои преферираат да живеат на нозе отколку да умрат на колена…